| четврток, 6 декември 2018 |

Еден ден пред почеток на новата учебна година професорка по германски останала без работа

Професорката по германски јазик Даниела Евтимова – Стојановска на еден ден пред почетокот на новата учебна година останала без работа. Таа била вработена со договор на дело во скопското осново училиште „Вера Јоциќ“. За да го дополни фондот на часови, предавала и во основото училиште „Стив Наумов“. Договорот на дело бил до 31 август годинава. Но, во моментот кога останала без вработување, била на породилно отсуство. Породилното истеувало на 10 октомври годинава.

– На 30 август бев повикана на разговор со директорот на училиштетот кој ми соопшти дека од први септември нема потреба да доаѓам на работа. Зачудена сум и изненадена, бидејќи породилното отсуство ми е до 10 октомври, а сега ‘ме бркаат од работа’ на 31 август – раскажува за „Република“ Евтимова – Стојановска.

Таа зад себе има двегодишен стаж во основно образование, искуство од работа во приватни училишта.

– Јас имам и приправнички стаж. Нема отворено конкурс за ова место на кое досега бев вработена. Револтирана сум бидејќи сево ова е без најава. Колешката која е на моето работно место ме заменуваше додека бев на породилно отуство – вели Евтимова – Стојановска.

Иако во почетокот на годината таа заминала на породилно отуство, проценила дека во мај може да се врати на работа и да зема 50 отсто од породилното отуство кое ѝ следува според Законот за работни односи.

– Мислев дека ќе можам да ги задржам барем часовите каде што бев на замена, во другото училиште, во „Стив Наумов“, но, не можам ни тоа да го направам. Револтирана сум поради ваквиот однос, бидејќи ги исполнувам сите услови за вработување – завршува професорката по германски јазик Евтимова – Стојановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top