Дознаваме дека самоиницијативно граѓани веќе се организираат и се прават списоци за итна мобилизација на граѓани во случај СДСМ преку узурпирање на претседавачкото место во Собранието или со предизвикување инциденти и кршење на процедурите да сака да изгласа претседател на Собранието и да формира влада чијшто мандат ќе биде спроведување на тиранската платформа.
Граѓаните се одлучни по секоја цена да ја бранат демократијата и со сите расположливи средства да не го дозволат ова сценарио. Граѓаните самоиницијативно формираат групи кои во таква ситуација за многу кратко време би се собрале и би реагирале на секаков можен начин со сите средства. Практично тие ќе бидат чуварите на државата и на институциите во случај СДСМ да сака да го искористи предвелигденскиот период на насилен пат да ги узурпира институциите. Ваквата „честитка од СДСМ“ ќе предизвика реакција. Платфомата од Тирана ја направија пред Божик, а сега ќе сакаат да ја спроведат преку формирање влада за спроведување на тиранската платформа пред Велигден.
СДСМ почна да го навестува ова… и Заев Заев и Љупчо Николоски кажаа дека имаат план Б.
Дополнително главните полуги на СДСМ веќе го открија валканото сценарио.
„Вељаноски ќе го фатите за ушите немиени и ќе го тргнете од седалото, ќе ја востоличите легитимно новата собраниска постава, а не да се глупирате со „почитување процедура“ која е во стартот прекршена. Значи, драги мои другари СДСМовци, освен пенкалото за гласање, ќе ни треба сепак и едно „малку подебелко пенкало со јајца на крајот“ – за преземање на власта која ни ја изгласале граѓаните, пишува еден од главните идеолози на СДСМ, Љубомир Фрчкоски, кој во очај повикува на насилство.
Од „За заедничка Македонија“ децидно велат: „Народот ве седна во пратеничките клупи, народот ќе ве извади“.
Засега „Република“ не може да потврди под чиј патронат е организирањето на ваквите народни групи. Постојат информации дека зад нив стојат или „За заедничка Македонија“ или, пак, групата на патриотските здруженија кои се обединија пред два дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)