| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во затворот во Осиек: Затвореници ме силуваа со сапун и рачка од метла

Пет млади луѓе на возраст од 21 до 39 години наскоро ќе се најдат на обвинителска клупа и тоа поради силување на млад затвореник во затворот во Осиек

Кривичната пријава е за пет лица – затвореници кои по заеднички договор го силувале и мачеле затвореникот, по што му се заканиле дека доколку не им ги исполни желбите и не постапува според нивните барање ќе го претепаат.

И покрај заканите жртвата од ќелија број 11 се противела, но набрзо, и тоа по барање на најстариот од насилниците (39) бил однесен кон тоалетот во ќелијата каде го чекале уште тројца затвореници. Тогаш го соблекле гол и му го избричиле цело тело. Двајца затвореници го држеле, а едниот од нив (23) сексуално го злоставувал со сапун. Несреќното момче во солзи молело да престанат, за да веднаш потоа тројца од насилниците го присилиле орално да ги задоволува, пишува Дневник.хр.

За жал, тортурата не прекинала тука. Според обвинението, 23 годишниот насилник решил да се повлече во моментот кога на жртвата и потекло крв. Но, тоа не ги спречило другите да продолжат, па сексуалното злоставување го продолжиле со рачка од метла.

Наводно, несреќното младо момче ќелијата ја делел со уште пет луѓе, а сексуалното злоставување се случило во декември минатата година во затворот во Осиек. Откако собрал храброст и и раскажал се на полицијата, веднаш биле поднесени кривични пријави против петте насилници кои наскоро ќе бидат судени за овој громорозен чин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top