| четврток, 6 декември 2018 |

Легендарниот Џексон Ричардсон ќе биде селектор на Габон

dzekson ricardson

Поранешниот француски репрезентативец и еден од најдобрите ракометари во светот, Џексон Ричардсон, ќе биде селектор на репрезентацијата на Габон. Ричардсон кој е тренер на францускиот второлигаш Дижон, го потпиша својот прв договор како предводник на национална селекција. Французинот во Либервил беше пречекан со големи почести и од претседателот на Габон, Али Бонго.

Габон ќе биде домаќин на Aфриканскиот шампионат во 2018 и со Ричардсон на клупата се очекува репрезентацијата на оваа земја да постигне голем подем. Репрезентацијата на Габон заврши на претпоследното 11.место на последниот Африкански шампионат што се одржа минатата година во Египет, на кој традиционално доминираа водечките ракометни селекции на африканскиот континет – Тунис, Египет и Алжир.

„Целта е да стигнеме на подиумот. Јас сум секогаш победник, сакам да одам напред дури и подалеку од целта. А, тоа значи да го освоиме пехарот“- изјави славниот француски ракометар, сега во новата улога на селектор на Габон.

Џексон Ричардсон како селектор на Габон ќе има годишна плата од 15.000 евра со дополнителни бонуси од државата. Паралелно со селекторскиот ангажман, Ричардсон ќе остане и тренер на екипата на Дижон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top