
Германската полиција во соработка со колегите од Австрија направи фото робот на убиецот кој во Германија и Австрија уби две жени, на ист начин на кој е усмртена пејачката Јелена Марјановиќ, минатата година, и нуди награда од 28.000 евра за нови информации, пишува Ало.
Некои детали од злосторството во Борча, се поклопуваат со убиството на Карлин Грубер (27) која е силувана и убиена на 10 ноември 2016 година, во шума во Единген, и француската студентка Лусил К. (20) која е убиена на 12 јануари 2014 година во Австрија.
По завршувањето на анализата на ДНК која ја изврши Интерпол, ќе биде познато дали Јелена е жртва на серискиот убиец и дали злосторството во Борча навистина има допирни точки со овие две убиства. Германската полиција успеа да направи анализа, која покажа дека истата личност ги убила Карлин и Лусил, и на основа на изјавите на очевидците направи фоторобот од извесниот камионџија.

По објавување на новиот фото-робот, во германскиот весник Билд, полицијата очекува повеќе информации од жителите. Објавен е повик на граѓаните да се јават на полицијата доколку ја препознаат личноста на сликата.
Фото-роботот покажува дека човекот со очилата е од 50 до 55 години, висина од 1,75 до 1,80 метри. Тој како оружје користел железна шипка која се користи за хидраулична дигалка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија


