Шеесет и четиригодишната Рахилка Т. oд Велес е жената што вчера беше убиена од својот сосед, а нејзиниот син и снаа се тешко повредени. Нападот, како што информираат од полицијата, се случил вчера околу 11 часот кога И.Ј. (64) насилно влегол во куќата на Рахилка по претходна меѓусебна расправија, во која се наоѓала таа, нејзините син и снаа.
Соседот И.Ј. ја удрил Рахилка со секира по главата нанесувајќи ѝ тешки повреди, а нејзиниот син З.Т. (46) го повредил во раката со нож. Напаѓачот, велат од МВР, бил совладан од случаен минувач, пријател на жртвите.
Рахилка со тешки повреди била пренесена во ЈЗУ Општа болница во Велес, а од таму во Клиничкиот центар во Скопје, каде што им подлегнала на повредите.
Убиецот бил приведен и изведен пред суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка