| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид експресно се врати на врвот, Мората со хет-трик ги сруши надежите на Леганес (видео)

Во последниот денешен натпревар од 30. коло на Примера дивизија, фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа малиот мадридски тим Леганес со 2-4. Иако тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан за денешниот натпревар одлучи да не настапи без Роналдо, Бејл, Бензема и Модриќ сепак прашањето на победникот не дојде во прашање бидејќи го имаше расположениот Алваро Мората кој постигна хет-трик.

имот на Зидан започна извонредно и по само 23. минути имаше водство од 0-3. Резултатот го отвори Родригез во 15. минута по одличната асистенција на Асенхо, а во следните осум минути двапати погоди Мората за веќе сигурни 0-3.

И кога сите очекуваа дека домашниот тим ќе биде торпедиран, малиот Леганес во само две минути ја врати неизвесноста на натпреварот. Во 32. минута Габриел намали на 1-3, а во 34. минута Лучиано искористи повторно конфузност на гостинската одбрана и погоди за 2-3, резултат со кој се замина на одмор.

По паузата за да нема проблеми тимот на Реал Мадрид се погрижи Алваро Мората, кој во 49. минута ја искористи асистенцијата од Родригез и со неговиот прв хет-трик донесе повторно комотна предност (2-4). По тој погодок фудбалерите на „кралскиот клуб“ едноставно ја „легнаа“ топката и мирно го одведоа натпреварот кон крајот за освојување на важни три бода.

 

Следен натпревар за тимот на Реал Мадрид е веќе в сабота кога на „Сантијаго Бернабеу“ се игра големот мадридско дерби против Атлетико Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top