| четврток, 6 декември 2018 |

Игуаин стрелец на два гола против „својот“ Наполи, Јувентус е во финалето на Купот на Италија (видео)

iguain

Јувентус се пласира во финалето на Купот на Италија, каде ќе ги одмери силите со Лацио, откако го елиминира Наполи во полуфиналната пресметка. „Предавникот“ Игуаин, како што го нарекуваат сега фановите на Наполи, беше кобен за тимот од Неапол. Се врати на „Сан Паоло“ и постигна два гола, па иако Наполи победи со 3-2, тоа не беше доволно за пласман во финалето. „Старата дама“ на првиот меч во Торино славеше со 3-1 и успеа да се пласира во финалниот дуел.

Игуаин погоди во 32.минута за водство на Јувентус, а Хамшик израмни на почетокот на вториот дел. Но, потоа Игуаин по вторпат ја затресе мрежата на „наполитанците“ во 59.минута. Мертенс и Инсиње донесоа триумф од 3-2 за Наполи, но тоа е пирова победа за тимот на Маурицио Сари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top