Фудбалерите на Лајпциг повторно победуваат во низа, а тоа на своја кожа вечерва го почувствува тимот на Мајнц. Лајпциг славеше со 2-3 и повторно има предност од четири бода во однос на Хофенхајм, кој вчера го победи Баерн Минхен.
Сабицер и Вернер на почетокот на вториот дел донесоа водство од 0-2, Мајнц намали преку Самперио од пенал, но Кеита во 81.минута зголеми на 1-3. Во завршницата, Муто погоди за конечни 2-3.
Баер Леверкузен триумфираше на гости против Дармштад со 0-2, а стрелци на головите беа Џулијан Брант и Кевин Воланд.
Фрајбург го изненади Волфсбург на гости, и победи со 0-1, со голот на Нидерлехнер.
Резултати Бундес лига:
Мајнц – Лајпциг 2-3, Борусија Менхенгладбах – Херта 1-0, Дармштад – Баер Леверкузен 0-2, Аугсбург – Инголштад 2-3, Волфсбург – Фрајбург 0-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)