Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска, денеска кон своите колеги пратеници од СДСМ побара да почнат да ги решаваат проблемите бидејќи народот тоа го бара. Кузмановска нагласи дека граѓаните не се виновни што Заев мора да ги спроведува сценаријата на странците за Македонија да се разнебити со крајна цел да се смени името на државата.
– Оваа состојба бара решенија. Оваа состојба бара вклученост на сите нас затоа што надвор се случува народ кој повеќе од 40 дена кажува НЕ за создадената декларација или платформа што СДСМ ја прифати. Странците преку вас господине Заев го спроведоа ова сценарио – нагласи Кузмановска.
Кузмановска ги потсети пратениците од СДСМ дека две и пол години не водеа никаква грижа за економијата и за развојот на државата.
– Две и пол години не ви беше грижа за економијата, платите, важно ви беше да се разнебити Македонија за да се промени името. Вие колеги од СДСМ ќе останете запишани во историјата како предавници – посочи Кузмановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.