| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриевски: Еден ден ќе сакаат да ја преполоват земјата и да го одземат името и на крајот да ни ја одземат и душата

dimitrievski-768x410

Ние не повикуваме ниту на крв, ниту на оружје, ниту на насилство. Ние се бориме со ум, со разум, со сила, со моќ, со сплотеност, порача на денешниот протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје, новинарот Антонио Димитриевски.

Вели и дека еден ден ќе сакаат да ја преполоват земјата, да го одземат името и на крајот да ни ја одземат и душата.

– Ако сакаат да ти го одземат идентитетот, да ти го променат. Ако сакаат да ти го избришат она што со векови си се нарекувал, ако сакаат да те прекрстат, ако сакаат да ти го сменат знамето под кое мирно и гордо стоиш, ако сакаат да ти ја променат химната под која ги бележиш најголемите успеси и резултати на која мирно стоиш и гордо ја пееш, ако сакаат да ти го променат грбот кој го носиш на срцето, еден ден ќе сакаат да ти ја преполоват и земјата, да ти го одземат и името и на крајот да ти ја одземат и душата. А го заслужи ли Македонецот сето тоа?, истакна Димитриевски.

Тој под Порта Македонија посочи и дека Портата ги дочекуваше спортските херои, но некои и вратија со боја.

– Ова е местото кое ги дочекуваше нашите спортски херои, кошаркарите, ракометарите. Ги дочека и Шарените. Едните на оваа Порта во која е врежана историјата на Македонија и вратија со медали со успеси, со резултатите. Другите и вратија со камења, шишиња и боја.

Димитриевски повика и еден ден, пред Порта Македонија, граѓаните повторно да се соберат за да ја прослават конечната победа.

– Ве повикувам еден ден да се собереме овде за да ја прославиме конечната победа. Победата за една, единствена, за унитарна, за заедничка Македонија во која сите заедно ќе живееме како сложни браќа, вели Димитриевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top