| четврток, 6 декември 2018 |

Грозданов: Доста ни е од предавство кое со векови се раѓало овде, јас не сум предавник, но сум предаден

borce

Тоше велеше и јас велам ве сакам сите, втор пат сум тука физички, но срцето ми е тука, во едното срце за една Македонија „За заедниќка Македонија“, јас нема да должам многу, ќе ви прочитам само две мои песни од мојата прва стихозбирка кои се пишувани пред точно 15 години, но за жал или опомена важат и денес, изјави театарскиот критичар и поет Борче Грозданов.

Првата е за едни мали прилагодливи животинчиња, најчесто миленици на западната цивилизација, да живеат Камелеоните.

– Да живеат камелеоните во нив е минатото, сегашнината и иднината, но и небитнината, тие ги менуваат боите најчесто на штета на своите благодат им е злото на другиот, но не и на туѓиот. Никогаш не го виткаат ‘рбетот, го немаат се движат само кога земаат, ним ништо не им можат шпионите, ах колку се моќни камелеоните, пред нив клечат и шампионите, блазе си им на камелеоните, кога мозокот мисла им раѓа дури и држава пропаѓа.

Втората песна се вика Доста ми е, ама завршува со доста ни е, на сите нам доста ни е.

– Доста ни е од пластични и издолжени фаци, доста ни е од сервилност и не надмината глупост, доста ни е страдање, доста ни е плачење, доста ни е молчење. Доста ми е од предавство кое со векови се раѓало овде…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top