Членот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски денеска одговори на изјавата на потпретседателот на СДСМ, Љупчо Николовски дека СДСМ имале план како да изберат спикер и потоа да формираат влада.
– Љупчо, и ние имаме два плана. Првиот е да се откажете од Тиранската платформа, а потоа формирајте што сакате и како сакате. Вториот план е следен, народот кој што ве ставил во Собрание, може да ве извади од Собранието, и тоа не смеете да го заборавите, му порача Илиевски на Николовски.
Тој рече и дека никакви обиди за шверцање или подметнување на Тиранската платформа да не им падне на памет, бидејќи, како што вели, тогаш и нас може да ни падне на памет сенешто.
Илиевски денеска ги повтори барањата на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
– Повторуваме дека сите политички субјекти мора да се откажат и да ја осудат Тиранската платформа. Не може да се избере Претседател на Собрнието кој нема да ја отфрли и да ја осуди Тиранската платформа, истакна Илиевски.
Според него, досегашните протести на иницијативата довеле до неколку победи.
– И овдека, под Порта Македонија ќе повторам дека благодарение на нашата активност, секој ден на улица, немаме Тиранска влада. И денеска не беше избран Претседател на Собранието, качен на Тиранската платформа, посочи Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.