| четврток, 6 декември 2018 |

Симоне Инзаги: Фудбалерите ми подарија одлична прослава на роденденот

simone inzagi

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги ги наполни со комплименти своите фудбалери по пласманот во финалето на Купот на Италија за сметка на големиот ривал Рома.

– Денеска го славам најсреќниот роденден во мојот живот. Знаеме што значи овој натпревар, навивачите беа фантастични, помислив дека сме домаќините, а не гости. Лацио ги елиминира Џенова, Интер и Рома, моите момци ги заслужуваат сите пофалби. Секогаш имам огромна доверба во нив – изјави помладиот од браќата Инзаги.

Лацио ќе игра во своето трето финале во последните пет сезони, а противникот ќе го дознае вечерва по одигрувањето на возвратниот дуел меѓу Наполи и Јувентус. „Старата дама“ има предност од 3-1 од првиот натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top