Лионел Меси навистина многу ретко се сложува да одработи долги интервјуа со познатите светските медиуми, па токму поради тоа секое негово подолго излагање и подолг разговор привлекува навистина посебно внимание од целокупната спортска јавност.
Мексиканскиот магазин „Ескире латиноамерика“ во своето денешно издание го имаше Лионел Меси на својата насловна страна, а исто така го прикажа и подолгото интервју со големата ѕвезда на Барселона во кое се отворени доста приватни и професионални теми.
Меси е познат по тоа што не ужива да дава исрцпни изјави за големите достигнувања кои ги оствари во досегашниот тек на својата кариера, но сепак овојпат направил исклучок и одлучил да направи тежок избор, односно да ја издвои најважната титула.
– Најважната и за мене најценетата титул е онаа освена на Олимписките игри. Тоа е турнир кој се игра еднаш во животот и случување во кое запознавате многу спортисти од различни дисциплини. За мене тој трофеј е најпосебен – истакнал Меси кој единствениот трофеј освоен со Аргентина ги стави пред сите кои престижни и важни трофеи освоени со Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Прва сезнација на фудбалското СП: Аргентина ремизираше со Исланд, Меси промаши пенал
-
Меси доби трет син: Добредојде Чиро!
-
Тотална спротивност од Лионел: Братот на Меси уапсен синоќа, нелегално поседувал оружје