| четврток, 6 декември 2018 |

Се врати во татковината да слави Нова година, а веќе цела година ја држат во суров затвор

37-годишната Назанин Загари-Ретклиф има двојно државјанство – иранско и британско. Кога во март пред една година со ќерката отпатувала во Иран да ја прослави тамошната нова година, била уверена дека ќе се врати кај сопругот Ричард за две седмици, кој живее во Лондон.
Меѓутоа, Револуционерната гарда пред излегување од Иран ја задржала на аеродромот во Техеран и ја уапсила, а на нејзината ќерка агентите ѝ го одземале британскиот пасош.
Од тогаш Назанин се наоѓа во озлогласениот затвор “Евин”, а за ќерката Габриела се грижат нејзините баба и дедо во Техеран. За разлика од нејзината мајка, Габриела има само британско државјанство.
Во септември уследила шокантна пресуда. Назанин била осудена на 5 години затвор, под обвинение дека планирала да ја урне владата во Техеран.
3XcKfVH5FR-otisla-vo-rodnata-zemja-da-proslavi-nova-godina-a-veke-edna-godina-ja-drzat-vo-ozloglaseniot-zatvor
Само ден претходно, Велика Британија и Иран повторно воспоставиле полни дипломатски односи. Британското министерство за надворешни работи тогаш гордо соопштило дека “кревањето на односите на повисоко ниво” е шанса да се воспостави дијалог “на многу теми”.
“Се надевам дека ова е почеток на попродуктивна соработка меѓу нашите две земји”, рекол тогаш министерот за надворешни работи, Борис Џонсон.
Ни Џонсон, ни премиерката Тереза Меј до денес јавно не го осудиле случајот, а “British Airways” вовел директни летови на линијата Лондон-Техеран. За тоа време, државјани на Британија гнијат во ирански затвори во катастрофални услови, како заложнички на исламистичкиот режим.
0MkDAt31fw-otisla-vo-rodnata-zemja-da-proslavi-nova-godina-a-veke-edna-godina-ja-drzat-vo-ozloglaseniot-zatvor

Аболгасем Саливати, судија во Револуционерниот суд во Техеран, кој ја осудил Назанин, е озлогласен поради строгите, понекогаш и смртни казни во политичките случаи. Во последно време, осудил неколку лица со двојни државјанства, а во 2011. година ЕУ го ставила на листата санкционирани лица поради кршење на човековите права.
Посебно во месеците во кои била самица, здравствената состојба на Назарин Загари-Ретклиф драматично се влошила. Одела тешко, ослабела и косата почнала да и паѓа. Сега има дискус хернија во пределот на вратот, но, како што дознава Bild, не добива добра здравствена нега. Непосредно пред Божиќ семејството било многу загрижено, затоа што размислувала на самоубиство. После тоа од изолација била преместена во ќелија со други затвореници.
Откако Wall Street Journal минатата година открил дека американската влада во јануари 2016. година во необележан товарен авион пратила 400 милиони американски долари во Техеран, експертите претпоставиле дека зад апсењето на Назанин и слични случаи се крие бизнис моделот “откуп”. 400 милиони во кеш биле дел од уплатата за Техеран во вкупен износ од 1,7 милијарди долари.
1ohENZaLOn-otisla-vo-rodnata-zemja-da-proslavi-nova-godina-a-veke-edna-godina-ja-drzat-vo-ozloglaseniot-zatvor

Токму во време на испорака на парите, иранските власти ослободиле пет американски државјани од затвор.
По оваа матна трансакција, апсењето на носителите на двојно државјанство во Иран е почесто од било кога. Меѓу затворениците има и една Канаѓанка, една Французинка и четири американски државјани.
Владата на Обама упорно демантирала дека 1,7 милијарди долари биле наменети за откуп, но затоа ви Иран избила вистинска борба околу тоа кој бил заслужен за успешната акција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top