| четврток, 6 декември 2018 |

Отворено писмо од Викторија Бекам: Цени го она што го имаш, искулирај ај несигурноста

Секој од нас има порака која би си ја упатил себе си, односно на помладата верзија од себе, а една од нив е Викторија Бекам. Како некој кој се борел со несигурност, што пак предизвикало грешки поради кои денес се кае, Викторија Бекам со јавноста споделува отворено писмо, упатено до 18-годишната Викторија, кое беше објавено во февруарското издание на  „Вог“.

viktorija-bekam-kako-da-ja-pobedite-nesigurnosta-257626

Бизнисменка, дизајнерка, модел и некогашна членка на британската поп група Спајс грлс, си испраќа писмо со совети и предупредувања. Таа се кае заради многу работи, а нејзиното писмо може да им послужи на сите млади девојки  кои се наоѓаат на животна пресвртница, кои имаат проблем со самодовербата и кои мислат деја се полоши од другите.

viktorija-bekam-kako-da-ja-pobedite-nesigurnosta-257628

„Твојот тен ќе се изедначи (всушност, ќе лансираш и сопствен козметички бренд); штом завршат 1980-тите, твоите кадрици ќе се исправат, а и тежината ќе исчезне. На училиште јадеш мусли , затоа што велат дека немаат маснотии. Ќе поднесеш уште многу други глупави диети (вклучувајќи ја зависноста од зелени сокови). Наместо тао, научи да ги прегрнеш несовршеностите – тоа сакам да ти го кажам.“

viktorija-bekam-kako-da-ja-pobedite-nesigurnosta-257631

Викторија никогаш јавно не призна дека имала естетски зафати иако тоа е очигледно. Во ова писмо се наѕира нејзината прва исповед. Пред себе.

„Дозволи ѝ на својата кожа да дише, носи помалку шминка (и немој никогаш да дозволиш шминкерот да ти ги избричи веѓите! Последиците се трајни). Ќе ставаш лак за коса како луда, но волуменот секако со тек на време ќе ти се намали. Искулирај со моментот „сакам косата да ми изгледа како да сум излегла од тунел во кој дува силен ветер“. И ова исто така би требала да го кажам – остави ги градите на мира. Сите овие години се обидував да го негирам тоа – преглупаво. Тоа е знак на несигурност. Цени го тоа што го имаш.“

 viktorija-bekam-kako-da-ja-pobedite-nesigurnosta-257629

Во писмото зборува иза бракот со Дејвид Бекам.

„За момчињата и љубовта што трае: учи повеќе за фудбалот, особено за правилото за офсајд. И да, љубовта на прв поглед навистина постои. Ќе ти се случи во фоајето на „Манчестер Јунајтед“ и со оглед дека малку ќе бидеш пијана, деталите ти се малку магловити. Додека другите фудбалери ќе стојат во барот и ќе пијат со нивните колеги, ти ќе го видиш Дејвид како стои на страна со неговото семејство. (Во тоа време, тој не е дури ниту во првиот тим – а ти си познатата). А тој има толку слатка насмевка. Ти, исто така, си многу блиска со семејството, и ќе си мислиш колку го чувствуваш близок. Тој ќе ти го побара телефонскиот број (сè уште го чува авионскиот билет од Лондон за Манчестер на кој му го напиша бројот). Повеќето од вашите први состаноци ќе бидат на паркинзи, што не е „валкано“ како што звучи. Тоа е така, бидејќи твојот менаџер Сајмон Фулер ќе те предупреди: „Немој некој да ве види заедно или да ве фати“. Во тоа време нема да ти биде јасно зошто.“

 viktorija-bekam-kako-da-ja-pobedite-nesigurnosta-257624

„Во Шпанија ќе уживаш гледајќи го како ги има и ужива едни од најдобрите денови во фудбалот. Шпанија е и земјата каде што ќе ги ставиш основите на сопствениот моден бренд, така што ќе соработуваш со други за џинс и очила за сонце.

viktorija-bekam-kako-da-ja-pobedite-nesigurnosta-257627

Но морам да те предупредам: поголемиот дел од времето таму ќе биде многу тешко. Сега не се плашам да кажам колку неверојатно тешко време беше тоа. Луѓето ќе зборуваат ужасни нешта. Ќе бидеш предмет на потсмев. Секој пат кога ќе го вклучиш телевизорот или кога ќе отвориш весник, ќе видиш дека некој го напаѓа твоето семејство. Ќе научиш колку другите жени можат да бидат злобни. И тоа ќе те научи секогаш да ги поддржуваш жените околу тебе. Други ќе се скршеа под притисокот, но ти нема. Ќе го искористиш времето да се затвориш во себе, да се фокусираш, да работиш напорно и да ги заштитиш децата. Во односот со други луѓе ќе ставаш ѕидови на твој начин  и или ти ќе управуваш околу нив или ќе се сопнеш. Никогаш нема да дискутираш со Дејвид околу тоа колку деца и двајцата сакате; никогаш нема да си речете еден на друг „Каде ќе живееме?“, нема да дискутираш за ништо од тоа, бидејќи ќе бидеш млада и вљубена. Дури и кога можеби нема да ја посакуваш истата работа, твојата поддршка за двајцата ќе значи дека ќе останете заедно и ќе пораснете заедно. И ќе биде вредно за сиот труд.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top