Еден ден пред големото финале на порталите од соседството се појави отворено писмо упатено до целата хрватска јавност во кое се искажува револт спрема хрватските политичари во кое им се порачува дека не се добредојдени во соблекувалната на втората најсилна фудбалска репрезентација во светот.
– Светското првенство во Русија ни покажа дека во светот на фудбалот сите имаме еднакви шанси. Талентирана генерација на одлични поединци кои се спремни напорно да работат, можат да успеат во намерата. Можат да дојдат до успехот кога ја имаат потребната помош и кога целата група заедно оди напред. Оваа генреација на фудбалери тоа го оствари и покажа дека збирот на одлични поединци може да ве однесе до самиот врв.
– Сепак, овие редови не ги пишувам за екипата која ја водам. Ова го пишувам заради тешката ситуација во Хрватска. Нашата земја е најсиромашната во ЕУ. Во Хрватска се живее никогаш потешко и е земја која ја водат лоши луѓе, припадници на организација која е прогласена за злосторничка. Тие луѓе ја однесоа државата во беда и ја направија земја од која во последниве 20 години избегаа милион луѓе.
– Денеска во нашата земја пензионерите со своите примања не се состојба да ги подмират своите основни трошоци, образованието и здравството се во колапс, судството е корумпирано и го штити крупниот капитал. Состојбата во државата е таква што е прашање на време кога ситуацијата ќе стане неиздржлива.
– Затоа, овој пат барам од сите политичари и сите претставници на власта кои го одведоа мојот народ во пеколот на бедата и сиромаштијата да се тргнат од фудбалската репрезентација на Хрватска. Не сте добредојдени во нашата соблекувална, не сакаме да се фотографираме со вас, ниту да се ракуваме. За нас се најважни луѓето на Хрватска кои ги направивте најсиромашни во ЕУ за вие да се збогатите.
– Така денес во нашата змеја има деца кои не виделе море, кои се гладни и со родители кои немаат работа. Луѓето кои ова го направија не се добредојдени во нашите редови и не ги сметаме за пожелни во наше друштво. Ве молам да ја почитувате нашата одлука и да не го користите нашиот успех за себе промоција.
Ова писмо викеднов го привлече вниманието на хрватската јавност, но сепак не се работи за порака испратена од селектророт Далиќ. Авторот на оваа порака е извесен Игор Премузиќ кој вели дека неговата идеја била да го сврти вниманието кон важните општестевни прашања, кои сепак остануваат клучни за земјата и по завршувањето на мундијалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Отворено писмо до Заев: Пациентите со цистична фиброза без лекови и без грижа
-
Лабина Митевска со отворено писмо му се обрати на Заев: Се чувствувам прилично извалкана и згадена од нашиве мизерии
-
Отворено писмо од Викторија Бекам: Цени го она што го имаш, искулирај ај несигурноста
-
Отворено писмо до Сорос: Србија нема да се распадне за 4 милиони евра