Леонард Коен бил голем верник, па затоа една од неговите најпопуларни песни “Dance me to the end of love” е инспирирана од страдањата на Евреите во логорите, иако многумина сметаат дека тоа е една од најубавите љубовни песни.
Во едно од неговите интервјуа, Леонард објаснил како настанала песната.
-Мојата песна настана со слушање и читање за случувањата во логорите на смртта, во кои гудачки квартети свиреле пред крематориумите, додека се случувал хорор. Квартетите свиреле класична музика, додека нивните пријатели затвореници биле убивани или палени.- изјавил Коен.
Песната зборува за убавината на постоењето и крајот на истото, како и за страстите во постоењето. Сепак, на таков начин сите се предаваме на љубовта.
Синот на Коен, Адам изјавил дека татко му пишувал до последниот момент од неговиот живот и дека никогаш не ја изгубил смислата за хумор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)