На свои 35 години, Роџер Федерер уште гледа место за напредок, а како ја започна новата година истиот е неминовен. Швајцарецот ја освои третата титула во сезоната и запиша скор од 19 победи и само еден пораз (Донској).
Моментално тој се наоѓа на четвртата позиција на АТП листата, а негова следна цел е достигнување на првото место до крајот на годината. Шансите тоа да се случи се повеќе од реални со оглед на кам-бекот на швајцарскиот ас по операцијата на левото колено.
Доколку успее во својата намера, Федерер ќе стане највозрасниот тенисер на кој што му успеало ова достигнување. Овој рекорд е зад името на Андре Агаси, кому тоа му успеа на 33 години и 4 месеци.
Кога се работи за бодовите од почетокот на сезоната Роџер е убедливо на првото место со освоени 4.045 поени. За да го постигне зацртаното ќе мора да освои еден од преостанатите три Грен слем турнири.
По победата над Надал и освојувањето на Мастерсот во Мајами, Швајцарецот изјави дека ќе ја прескокне сезоната на земја со исклучок на Ролан Гарос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.