| четврток, 6 декември 2018 |

Луис Енрике: Суспензијата на Меси е добра и за него и за тимот

lionel mesi

Тренерот на Барселона, Луис Енрике, вели дека суспензијата на Лионел Меси е добредојдена за тимот, затоа што доби одреден одмор пред завршницата од сезоната. Тој поради жолти картони го пропушти гостувањето во Гранада изминатиов викенд, и ќе биде освежен за утрешното дерби со Севилја на „Камп Ноу“.

– Меси е освежен, суспензијата можеби беше и добредојдена за него. Ќе го имаме одморен за продолжението од сезоната. Тој мини-одмор секогаш е добредојден за фудбалерите кои се максимално оптоварени во текот на сезоната. Среќен сум што тимот и без Меси одигра на високо ниво. Го имаме и Иниеста кој се враќа по проблемите со повредите, а сега следи период во кој ќе се решава за трофеите – изјави Луис Енрике.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top