| четврток, 6 декември 2018 |

Протестите во Србија со „спонтани“ пораки и кореографија на платеничката револуција во Македонија (фото)

Србија ја тресат протести по изборните резултати. Навидум студентските протести против изборот на премиерот, сега веќе претседател на Србија, Александар Вучиќ, неодминливо потсетуваат на случувањата во Македонија и на протестите подготвени од КАНВАС и од Сорос минатите две години. И поводот е ист, несогласување на опозицијата со изборниот резултат.

Според фотографиите, „спонтаноста“ во Нови Сад, Ниш, Смедерево, Ужице, Суботица, Сомбор, Крагујевац и во други градови е добро организирана од истите автори како и во Македонија. Пред сè, тука се слоганите на транспарентите, но и, впечатливо, уличното бездомно куче, кое исто како во Скопје, е злоупотребено како „симбол на протестите“.

-Нема партиски обележја, а масата извикуваше „Не ја даваме Србија“, „Слобода за медиумите“, „Стоп за диктатурата“, „Готов е“…- известуваат вечерва српските медиуми.

Тоа што е интересно, но и уште еден показател за доброорганизираната заднина на овие собири, е негирање за постоење структура, односно дека се работи по „пленумскиот“ систем познат во Македонија.

-Ова не се партиски протести, ние не сакаме никакви партии. Тука нема организација, сите ние сме организатори. Ние не сме никакви пијани хулигани. Го креваме гласот против неправдата бидејќи ја сакаме оваа земја и не сакаме да си одием од неа. Не сакаме да живееме во диктатура. Сакаме да се слушне и нашиот глас, а не само преку медиумите да дознаваме што мисли Вучиќ… Нема да молчиме за диктатурата, нема да заминеме од државата, туку ќе останеме на улиците – вели една студентка од Ниш.

019ktkqTURBXy81MzFlZDQwMGQ5OTQwZTMzNmQxNTkxNzMwY2I1ZjQ5My5qcGVnkZQCAM0BCMI

Друг млад човек денеска ги повика и сите борци и нивните родители да им се приклучат на младите кои, како што вели, се дигнале против тиранијата, диктатурата, сиромаштијата, гладот, безизлезноста.

Секако неизбежен момент и на овие протести, како и на протестите на Сорос и на КАНВАС во Македонија, се и свирчињата, транспаренти со прецртана силуета во црвен круг, како и блокирање на сообраќајници во градовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top