Царинските службеници на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје в четврток спречија обид за нелегално внесување на 54 илјади швајцарски франци.
Околу 16 часот, на аеродромот „Александар Велики“ со лет од Швајцарија пристигнал македонски државјанин од село Боговиње, Тетовско. Патникот, иако помина на зелен канал каде што поминуваат патници што немаат ништо за пријавување, беше селектиран за детална контрола. Притоа, кај него се пронајдени 66 илјади швајцарски франци.
Законот за девизно работење предвидува дека резиденти можат слободно да внесат девизни средства во противвредност на 10 илјади евра, па, според тоа, 12 илјади франци му се вратени, додека останатите 54 илјади се одземени.
Против лицето е поведена прекршочна постапка, а девизите се привремено одземени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.