Шверцот со мигранти во последните неколку години стана еден од најраспространетите црни бизниси во Македонија и многумина се обидоа да пренесат луѓе од Блискиот исток или Африка преку јужната граница на север. Со оглед на тежината на делото Владата размислува за формирање на посебна национална единица за „лов“ на шверцери на мигранти која ќе има подобра меѓусебна координација и со заеднички надлежности поефикасно да се бори со оваа криминална појава.
„Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со формирање на Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, со склучување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство на Република Македонија, во областа на сузбивање на организирани форми на криумчарење мигранти и трговија со луѓе“, соопштија од Владата на РМ.
По затворањето на границите цените на црниот пазар за шверц на мигранти изнесуваат од 300 до 800 евра по човек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти