| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните „За заедничка Македонија“ 37. ден порачаа НЕ за тиранската платформа (фото)

Во Македонија ќе работи влада со програма создадена тука и програма за која гласале граѓаните на избори. Доколку некој сака по избори да наметне друга програма создадена во друга држава, која води кон поделба на државата, имаме една работа да му порачаме: „Ќе има нови избори каде што граѓаните ќе ја одберат својата иднина“.

Ова на денешниот протестен марш  на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје го порача Богдан Илиевски, член на иницијативата.

На протестот се обрати и генерал Митре Арсовски, кој рече дека многумина ѝ се заканувале на Македонија, но не успеале, а нема ниту да успеат.

– Гордо звучи името Македонец, Македонија. Ако тоа го изгубиме, треба да си плукнеме в лице сите – посочи Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top