Многумина на оваа наша убава Македонија ѝ се закануваа. Не успеале и нема ни сега да успеат. Гордо звучи името Македонец и Македонија, по тоа нѐ познаваат сите, ако тоа го изгубиме, треба да си плукнеме в лице сите, истакна на денешниот протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје, генерал Митре Арсовски.
Вакви работи може да ни се случат само нам, меѓу нас живеат Македонци кое не го чувтсвуваат името Македонец. Тие чувствуваат само пари. Но, тие пари ќе им се удрат од глава, додаде генералот основоположник на македонската армија.
-Вие сте базата од која одбраната на Македонија црпи сила. Одбрана и армија не е исто. Армијата е само сегмент на одбраната на оваа држава. Таа е ’рбет. Успеете ли да го скршите ’рбетот, вие немате држава. Како се крши ’рбетот на оваа армија? Со финансии. Без пари не можете ништо да купите – посочи Генерал Арсовски, кој потоа ја анализираше состојбата на одбраната и потребата од регрутен систем.
-Долго време политиката се мачи дали во Македонија да воведе регрутен систем или да имаме платена армија – потенцира Арсовски, додавајќи дека ќе мораме да научиме да си ја браниме државата.
-Затоа не размислувајте, работете. Ако треба ќе го правиме ова цела година, има да ги натераме да го направат тоа што ние го сакаме – додаде Арсовски.
Генералот не сакаше да зборува за тиранската платформа бидејќи е туѓа платформа. Македонија има интелектуалци кои треба да напишат наша платформа.
– Но, се плашат луѓето да не слушнат тоа што не сакаат. Во нашата декларација мора да пишува следно „Оној Македонец кој ќе ја предаде својата држава нека сам оди во затвор“! Нема да дозволиме некој друг да ни натура влада која не потекнува од овој народ. Како генерал му честитам на претседателот на Републиката затоа што мораше два пати да им кажува на неуките луѓе дека нема да дава мандат на оној што ја предава својата држава – посочи во својот говор генерал Митре Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Последната вечера на генералот: Ким го погуби најмоќниот човек во државата
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
Режисер со три факултети: Кој е Слободан Праљак, човекот кој се отру пред Хашкиот трибунал
-
Џихадистите убиле руски генерал во Сирија


