Руските истражители го идентификуваа Акбаџон Џалилов (22) како бомбаш самоубиец во вчерашниот терористички напад во метрото во Санкт Петерсбург.
Истражниот комитет соопшти дека верува дека Џалилов ја активирал бомбата во метрото која уби 14 и рани повеќе од десетина луѓе.
Деловите од телото се пронајдени расфрлани низ третиот вагон, соопштиле руските власти. Форензичките експерти пронашле ДНК на торбата на Џалилов во која била другата бомба, која на време е пронајдена и деактивирана.
Бомбашот самоубиец по потекло е од Киргистан, а имал и руско државјанство.
Полицијата верува дека Џалилов е поврзан со радикалните исламисти, а Кремљ нападот го опишал како закана упатена на Путин кој во време на нападот престојувал во Санкт Петерсбург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.