| четврток, 6 декември 2018 |

Путин бил во градот за време на екплозијата, сѐ уште не открива дали станува збор за тероризам

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека ги добил извештаите на специјалните служби за експлозијата во метрото во Санкт Петербург, пренесе ТАСС.

– Веќе разговарав со шефовите на специјалните служби, со директорот на Федералната служба за безбедност (ФБС), рече тој на средбата со белорускиот колега Александар Лукашенко.

Рускиот претседател уверува дека „безбедносните органи и спец-службите работат и ги вложуваат сите свои напори за да ги утврдат причините и да направат целосна оценка на тоа што се случило“.

– Градските власти, а ако треба и федералните, ќе ги преземат сите неопходни мерки, за да им дадат поддршка на семејствата на загинатите и на нашите настрадани граѓани, додаде тој.

Руската Влада ги разгледува сите можни причини за експлозијата во метрото во Санкт Петербург, вклучувајќи го и тероризмот, рече Путин, цитиран од британските медиуми.

Во експлозијата се ранети 50 лица.

„На настраданите помош им укажуваат 17 возила на брзата помош“, на Твитер соопшти Андреј Кибитов, директор на прес-службата на гувернерот на Санкт Петербург.

Првите претпоставки се дека експлозијата била предизвикана од рачно изработена бомба, што содржела шрапнели, јавија руските медиуми.

Од двете метро станици во Санкт Петербург, помеѓу кои денеска одекна експлозија, повредените лица се евакуираат со хеликоптери, јави ТАСС.

Во експлозијата загинаа најмалку десет лица, а околу 50 се повредени.

Едниот хеликоптер врши евакуација од станицата „Технологически институт“, а вториот се упати кон станицата „Садоваја“.
rusija_napad (2)

Обвинителството на Санкт Петербург соопшти дека покрена истрага поради експлозија во еден од ваганоти. Инцидентот се случи меѓу две метро станици.

Преземени се и дополнителни безбедносни имерки на аеродромот „Пулково“ во Санкт Петербург.

Сите метро станици во градот се затворени и се евакуираат граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top