| четврток, 6 декември 2018 |

Новинарите бараат ослободување на Кежаровски

kezarovski-strajk-2Дел од новинарите во Македонија се собраа на протест пред Основниот суд Скопје 1 со барање за ослободување од притвор на новинарот Томислав Кежаровски.

-Без да се прејудицира дали  направил или не кривично дело, ние бараме да биде пуштен на слобода, да се брани од слобода и да докаже пред судот дека е невин – вели Зоран Димитровски, главен и одговорен уредник во „Нова Македонија“, весник каде што работи Кежаровски.

kezarovski-strajkТамара Чаусидис, претседател на новинарскиот синдикат, вели дека пишувањето на Кежаровски било  професионално, но дека е притворен за да го открие изворот на информации.

– Според Уставот, изворот на информации е гарантирано право за сите кои пишуваат во медиумите. Неговиот притвор е неоправдан – додава Чаусидис.

Пред судот протестираа четириесетина новинари. Според сознанија на „Република“, нивниот број би бил многу поголем доколку не се откажале колеги кои во овој протест препознале активност која не е поврзана со Кежаровски, како и транспаренти со шпекулативна содржина поврзана со несреќата во која загина новинарот Младенов.kezarovski-strajk-3

Кежаровски беше приведен, а потоа и му беше одреден притвор поради текст објавен пред 5 години во врска со случајот „Ореше“. Всушност, поради интервју со човек кој дури потоа станува заштитен сведок. Сведокот потоа во јавен говор открива дека сведочел лажно под притисок на припадници на полициски служби поради што обвинетите во случајот се ослободени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top