| четврток, 6 декември 2018 |

И денеска протестите „За заедничка Македонија“ продолжуваат во 17 часот (видео)

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и денеска  продолжува со протестите против двонационална и двојазична Македонија. Сакаме мултиетничка заедничка Македонија, порачаа на синоќешниот собир од граѓанската иницијативата.

0-02-05-d92125f76062c9e3f0428170ed189791cd137b779973031383c316229cadcd54_full

Пораката која вчера ја упатија до Доналд Туск беше дека народот е тој кој одлучува, а народот вели „Македонија не ја даваме“. На вчерашниот протест ја поздравија одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го менува својот став по однос на доделувањето на мандатот, го охрабрија да не подлегнува под притисок на странските фактори.

Откажување од барањата, нагласуваат, нема.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top