| четврток, 6 декември 2018 |

Данев до Богоевски: Да не ги користевте парите на Сорос, народот може и ќе ви поверуваше(видео)

Кога ќе изнесуваме политички ставови од оваа говорница за  народот да ни верува, треба да имаме одреден политички кредибилитет, партијата или коалицијата од каде што доаѓате таков политички кредибилитет за теми за кои што зборувате има точно нула, потенцираше на денешната собраниска седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

-Јас да ве потсетам на една работа, прашајте ги вашите колеги од СДСМ и од целата коалиција дали во минатиот мандат имаше ситуација да, еве вака, кршејќи ја процедурата во овој законодавен дом, СДСМ блокираше донесување на еден важен закон со којшто се овозможуваше формирање на Универзитетот „Дамјан Груев“ – нагласи Данев.

Тој додаде дека 3 месеци се дискутирало за сѐ и сешто само не за отворањето на Универзитетот „Дамјан Груев“.

– Пак ќе ви кажам за одредени теми и тези треба да имате политички кредибилитет. Да не ги користевте парите на Сорос и на УСАИД, каде што оваа шема покажува како и на кое конто тие завршувале и поради
која цел, можеби македонската јавнсот ќе ви поверуваше и на наредните избори ќе ви ја дадеше довербата – нагласи Данев.

Некој што правел криминал е најгласен кога зборува дека некој друг правел криминал, потенцираше Данев и потсети дека СДСМ затвори над 600 фабрики и остави повеќе од 250.000 луѓе на улица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top