| четврток, 6 декември 2018 |

Богоевски призна дека пласира лаги во Собранието (ВИДЕО)

Пратеникот на СДСМ, Павле Богоевски, користејќи го пратеничкиот имунитет, ја злоупотреби собраниската говорница да пласира лаги во јавноста без да понесе одговорност, за истите тие лаги веднаш да се прошират по Соросовите медиуми.
На денешната седница Богоевски изнесе информации дека Никола Груевски има направено огромна сметка за телефон, за што подоцна самиот пратеник на СДСМ кажа дека таа информација не е проверена и дека не е вистинита.

-Ја разбирам скепсата за верување на информации кои се презентирани со скенирани фотографии и затоа денеска од претходните два пати, кога тврдев и тврдам дека има криминал, однапред реков дека не сум сигурен во вистинитоста на информациите – рече Богоевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top