Голем астероид со пречник од околу еден километар лета кон Земјата, а научниците проценуваат дека спаѓа во категоријата на „потенцијално опасени“ за Земјата.
Но од НАСА велат дека во овој момент нема причина за паника. Кога огромната вселенска карпа, наречена 2014 ЈО25, ќе прелета покрај Земјата на 19-ти април, најблиската точка на која ќе се најде до Земјата ќе биде на околу 1.87 милиони километри оддалеченост.
A newly discovered ~5-meter asteroid, 2017 GM, will just miss impacting the Earth today (0.04 Lunar Distance or ~15,000 km) @BadAstronomer pic.twitter.com/pyu53Y61j3
— Ron Baalke (@RonBaalke) April 4, 2017
По ова, уште едно приближување се очекува во пролетта во 2091.
Ианку за потенцијално опасни астероиди се сметаат астероидите поголеми од 100 метри кои на Земјата и се доближуваат на оддалеченост помала од 7.500.000 километри, што значи на околу 19,5 оддалеченост помеѓу Земјата и Месечината, односно 0,5 оддалеченост меѓу Сонцето и Земјата.
– Астероидот ќе биде многу блиску до Сонцето се до 19-ти април, по што ќе се постави поволно за набљудување. Не очекуваме дека ќе го откриеме периодот на ротација пред радарот бидејќи објектот ќе биде или веќе е премногу блед поради близината до Сонцето – велат од НАСА.
До почетокот на април беа откриени 1.786 потенцијално опасни астероиди, меѓутоа, ниту еден од нив не е на пат кон судир со Земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)