Патничка од настраданиот воз од руското метро, Таја Перов, непосредно пред експлозијата излегла од местото на несреќата. Таа открива дека видела сомнителен човек во вагонот, информира life.ru.
-Имаше еден човек од несловенски вид. Беше облечен во темно палто. Тој отиде кон возот, гледајќи нѐ сите со презир. Слегов од возот, направив 10 чекори и се чу експлозија“, изјави во понеделникот патничката Перов.
Според патничката, луѓето почнале да трчаат, а во станицата имало голем чад.
Експертите велат дека машиновозачот направил многу разумен потег што не застанал со возот во тунелот, туку дури на следната станица.
-Во паника, при мрак и турканици можат да загинат многу повеќе луѓе – додаваат тие.
Камерите за видеонадзор го снимиле наводниот организатор на експлозијата во метрото во Санкт Петербург, тврди „Интерфакс“, цитиран од gazeta.ru.
Извор тврди дека експлозивнатат направа полна со шрапнели била оставено во портфолио во вагонот. Ако оваа информација се потврди, тоа значи дека терористот не се самоубил.
На социјалните мрежи, во врска со ова, активно се дискутира и се наведува на „украински трага“.
извор: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)