| четврток, 6 декември 2018 |

Ивандер Холифилд на 54 години повторно ќе боксува

ivander holifild

Поранешниот шампион во светот, Ивандер Холифилд, се враќа во рингот. Поранешниот петкратен светски шампион во тешка и во полутешка категорија, во 54.година од животот ќе буксува на хуманитарен меч што ќе се одржи на 25 мај во Лагос. Противник на Холифилд ќе му биде 65-годишниот нигериски политичар Бојл Тинубуа.

Целта на овој хуманитарен меч прв од ваков вид што ќе се одржи во Африка е да се соберат 2 милиони долари кои ќе бидат наменети за купување на медицински материјал за помош на болните во Лагос и во околните места.

– Едвај го чекам мечот. Ќе го нокаутирам Ивандер бидејќи јас сум вистински светски шампион – во шега најави Бојл Тинубу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top