На денешната собраниска седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, истакна дека од СДСМ длабоко веруваат дека можат да направат сѐ само за да дојдат на власт и дека сето тоа ќе се заборави.
-Овој пат се излажаа и сега после толку време гледам дека се во една недоумица, но на крајот, верувајте, повторно како да кажам топката или потегот е од оваа страна. Потегот треба да го повлече лидерот на СДСМ,
да излезе тука и да се изјасни за едно просто прашање, има платофрма, ја прифаќа или не ја прифаќа – праша Мукоски.
Тој на крајот истакна дека со тоа ќе се решат многу дилеми што ги мачат граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.