| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарци потсети на криминалната приватизација и илјадниците отпуштени

Протестен марш и вечерва се одржа во Кавадарци. Кавадарчани мирно протестираа движејќи се од новоизградената црква “Света Петка” во новиот центар на градот, преку главната улица „Илинденска”, до општинската зграда на градскиот плоштад. Пред присутните се обрати Сава Манева, пензиониран историчар.

Потсетувајќи на повеќе историски моменти од историјата на македонскиот народ, таа укажа на неколку грешки од минатото од кои како што нагласи, треба да извлечеме поуки. Меѓу другото, ја спомена и криминалната приватизација за време на транзицијата од времето на осамостојувањето на државата, кога бројни работници, како што додаде, беа избркани од работа и останаа на улица без никакви права.

Задржувајќи се на протестите кои секојдневно се одржуваат низ целата држава, таа нагласи дека цврсто се залагаат за унитарна, самостојна, слободна и независна Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top