| четврток, 6 декември 2018 |

Филе: Македонија треба без одлагање да го имплементира договорот од 1 март

Евромесарот за проширување, Штефан Филе, во воведното излагање на министерскиот самит во Охрид рече дека Македонија, без одложување, треба да го спроведе договорот од 1 март. На прашање што значи тоа „сега“, Филе вели:

– Колку побрзо се решат проблемите, толку побрзо ќе почнат преговорите. Договорот од 1 март е јасен. Некои препораки беа имплементирани, некои не. Многу е важно да се направи чекор, мора да се имплементираат останатите поенти од договорот од 1 март. И повторно ако погледнам во календарот, ја гледам втората половина од јуни, време за состанокот на министрите во Европскиот совет, а не остана уште многу време – рече Филе.

Тој не сакаше да прогнозира какви се шансите Македонија да добие датум за преговори.

– Многу е тешко за мене сега да зборувам предвреме сѐ додека не ги видам сите тие чекори имплементирани – рече Филе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top