| четврток, 6 декември 2018 |

Бешикташ подготвува тим за ЛШ, прв пик Сеск Фабрегас!

fabregas

Турскиот гигант Бешикташ се подготвува за настап во Лигата на шампионите за следната сезона, а раководството има планови за голем трансфер ова лето. Челниците на Бешикташ сакаат да го купат шпанскиот интернационалец Сеск Фабрегас од редовите на Челси, и подготвени се да платат колку што треба за да го ангажираат Шпанецот во „црно-белиот“ дрес.

Ова е и своевиден одговор на најавата дека Фенербахче почнал преговори со Месут Озил, кој ова лето најверојатно ќе си замине од Арсенал.

За Фабрегас постоеја најави дека би можел да се пресели во италијанскиот калчолигаш Милан, но со оглед дека се одолговлекува продажбата на клубот на кинеските инвеститори, не дојде до таков трансфер. Сега најнова опција за него е преселба во Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top