| четврток, 6 декември 2018 |

Близнаци настрадале на гости – од силната експлозија пропаднале низ подот

 

bli

Осумнаесетгодишните близнаци Милан и Неда Павловиќ се двете деца што го загубија животот во експлозија на плинска боца. Тие биле на гости, а во несреќата е повредена и нивната мајка Наташа, како и уште три лица. Плинскиот уред експлодирал во станот на приземје, кој бил под нив, а при експлозијата близнаците, буквално, пропаднале низ подот и целиот плафон се урнал врз нив.

– Беше страшно, од експлозијата еден човек, буквално, излета од прозорецот на станот и падна на улица. Влегов внатре, ги видов телата на децата. Не успеав да им помогнам, веќе беше доцна- вели соседот Дејан Тоциќ.

– Беше ужасно, лежеа мртви, целиот прв кат беше урнат –  додава соседот.

Жената во чијшто стан експлодирал плинскиот уред, истиот го вградила пред два дена. Сепак, инсталациите биле неисправни, што довело до експлозијата.

bli2

Близнаците биле матуранти и за два месеца требало да го завршат училиштето. Планирале да се запишат на факултет. За жал, нивните соништа никогаш нема да се исполнат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top