Силна експлозија денеска го потресе метрото во Санкт Петербург. Според последните информации, во вагонот во метрото се слушнале две експлозии, а има сомневање дека ги предизвикале импровизирани експлозивни направи. Агенцијата ТАСС пренесува дека има најмалку 10 жртви.
„Лента“ пренесува дека има најмалку 50 ранети во експлозијата. „Спутник“ пренесува дека меѓу ранетите има и деца, а соговорник на „Спутник“ рекол дека вратата на вагонот е крената во воздух.
Властите сè уште немаат официјално потврдено колкав е бројот на загинати и ранети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.