| четврток, 6 декември 2018 |

Нема смртна казна за човекот што ја силуваше и ја уби тригодишната Ангелина

vladica-rajkovic-andjelina-stefanovic-620x350
28-годишниот Рајковиќ на почетокот од судењето признал дека е одговорен за смртта на малата Ангелина, но негирал дека тој ја убил и силувал.

Вишиот суд од Заечер утре ќе ја изрече казната за Владица Рајковиќ од селото Вратарница , со обвинение дека ја убил и силувал тригодишната Ангелина, како и Драгана Станковиќ неколку години претходно.

Обвинителството бара од судот затвор од 40 години, поради убиство на девојчето и уште 15 поради силување.

За убиството на Драгана обвинителството бара уште 10 години затвор за Рајковиќ, додека неговиот адвокат барал ублажување на казната, со изговор дека тој бил под дејство на алкохол. Па можно е судот да определи казна од само 40 години поради тоа што во Србија нема закон за „собирање“ казни.

Тој тврди дека го зел девојчето од роденденот, на 9 јули 2016 година и го носел на рамена, по што заедно паднале, а девојчето ја удрило главата од камен и, исто така, негира дека го силувал.

Обвинет е дека го однел девојчето во шумата, одалечена околу 700 метри од првите селски куќи, и дека таму го силувал, а потоа со камен по главата го убил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top