| четврток, 6 декември 2018 |

Лажеле дека извозеле часови – кривични пријави за 79 кандидати и инструктори во автошкола

avto2

 

Полицијата поднесе кривична пријава против 79 кандидати и инструктори во автошколата „Делта среќа“ ДООЕЛ Кочани кои фалсификувале потврди за извозени часови со намера да се стекнат со право на полагање возачки испит.

СВР ­Штип поднесе кривична пријава против 79 сторители за сторени 79 кривични дела фалсификување или уништување деловни книги и посебни случаи на фалсификување исправи. Како што информира МВР, во периодот од 1.1.2014 до 26.4.2016 година двајца од пријавените во својство на инструктори и уште еден вработен во автошколата „Делта среќа“ од Кочани во повеќе наврати фалсификувале исправи и завериле картони за евидентирање во кои внеле лажни податоци како од страна на кандидатите дека се извозени потребниот број часови согласно законските нормативи и во лично име на кандидатите се потпишувале. Една од пријавените како стручен раководител во автошколата изготвувала потврди за оспособеност на кандидат за возач на моторно возило, во кои внела невистинити податоци дека кандидатите ги извозиле потребните часови иако знаела дека истите ги немаат извозено согласно податоците во евиденциите кои била должна да ги води и контролира. По ова, 75 пријавени, инаку кандидати за полагање на возачки испит во периодот од 12.3.2014 година до 27.1.2017 година, со намера да се стекнат со право на полагање на возачки испит, поединечно ги употребиле ваквите потврди за оспособеност на кандидат за возач на моторно возило, издадени од страна на правното лице во стручниот испитен центар „Европски возач“ ­ Штип, иако знаеле дека потврдите се со невистинита содржина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top