Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните да достават Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП), најдоцна до 15 март.
Пополнетата Годишна даночна пријава можете да се поднесе во најблиската даночна канцеларија на УЈП или преку пошта – http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt
Со цел избегнување на метежите во последните денови пред крајниот рок, од денес (Среда – 1.3.2017 година), УЈП отвори дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава, лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ). На овој начин граѓаните од Скопје, но и сите оние кои се од друг град, а кои привремено работат или живеат во Скопје, можат даночната пријава да ја поднесат на три локации, вклучувајќи ја Регионална дирекција Скопје и Даночниот шалтер Чаир. Исто така, пријавите може да се поднесуваат и преку Мобилните даночни шалтери на УЈП – http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/316).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство