| четврток, 6 декември 2018 |

Заев посакува да го прошири „едно евро“ бизнисот во цела држава (ВИДЕО)

Лидерот на социјалдемократите и човек што по спроведениот изборен инженеринг, поради недоволниот број пратеници, ја прифати постизборната уцена од партиите на македонските Албанци со прифаќањето на сите точки од тиранската платформа, со веќе изработени законски предлог-решенија, со што би се редефинирала државата, само со една цел – да дојде на власт. Мотивот по секоја цена да се дојде до премиерското место, според Љупчо Палевски, доскорашен висок партиски функционер, е личниот бизнис-интерес на Зоран Заев.

-Зоран Заев има бизнис-интерес, шемата од Струмица како бизнис-систем да ја спроведе на ниво на држава. Тоа е неговиот личен мотив за влегување во овој проект – посочува Палевски во емисијата на Васко Ефтов, „Во центар“.

zaev global lisici

За бизнисот на семејството Заеви досега се отворени повеќе афери, што, пак, го опфаќа периодот на неговото градоначалствување со општина Струмица. Не само што во раце на Заеви се десетици компании, туку со истиот бизнис-интерес преку функцијата тој го шири својот „бизнис-систем“, како што вели Палевски, па оттука во Струмица за јавноста се спорни набавки и тендери, гасификацијата на Струмица, во која се вплеткани и негови сопартијци, потоа разни афери поврзани со градежниот сектор, урбанизацијата, легализацијата на дивоградби. Притоа, Заев е на суд по предмет за барање поткуп за откуп на државно земјиште, а не смее да се изостави и тоа дека лично од неговиот тогашен шеф, во функција на претседател на државата, е аболиран за судскиот предмет „Глобал“, кој, исто така, е дел од активностите за узурпација на земјиште и за легализација на дивоградба, предмет „тежок“ осум милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top