| четврток, 6 декември 2018 |

Германија донесе нов закон за гастарбајтерите

Од 1 април во Германија на сила стапува нов закон за привремена работа преку агенција. Според тој закон, работниците веќе нема да може да работат привремено подолго од 10 месеци, а по девет месеци работа мора да заработуваат слична плата каква што имаат и работниците на фирмите, фабриките или компаниите во кои работат, кои работат на слични работни места.

Новиот закон предвидува и дека привремените работници веќе нема да се вработуваат во текот на штрајк. Токму по пат на вакви претпријатија во Германија работат многумина од регионот. Тие притоа се работници на агенција, а не на фирмата во која ги извршуваат работните задачи. Стјепан Бингула, кој повеќе од триесет години живее во Минхен и добро е запознаен со пазарот на труд, верува дека донесувањето на новиот закон нема да промени многу работи.

– Едноставно, агенциите човекот што го изнајмиле по девет месеци ќе го тргнат од тој работодавец и ќе го испратат кај некој друг и така сè почнува од почеток. Истата работа е и со овие 18 месеци, ќе го повлечат работникот и ќе го испратат во друга фирма –  смета Бингула.

Според неофицијалните информации, преку овој закон во Германија работат околу милиони луѓе, што е три проценти од сите вработени во таа земја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top