Директорот на Националната Асоцијација на туристички агенции на Србија , Александар Сеничиќ најави дека заедно со пет земји во регионот ќе се формира Туристичка асоцијација на Југоисточна Европа со цел да се привлечат туристи од далечниот и блискиот исток.
Според Сеничиќ, Србија, Босна, Црна Гора, Хрватска, Албанија и Македонија ќе бидат членови на асоцијацијата а протоколот за соработка ќе биде потпишан во февруари за време на Саемот на туризам во Белград.
Според планот туристите од блискиот и далечниот исток треба да се задржат во регионот меѓу 7 и 14 дена и за тоа време да посетат две или три земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


