Политичкиот советник во американската амбасада во Скопје, Дејвид Стивенсон, фотографиран на средба со потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски и со портпаролот на ДУИ,Бујар Османи. Ова покажува дека политичкиот советник во американската амбасада во Скопје, кој доаѓа на таа функција во јули 2015 година, на средбите со потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски и со Бујар Османи и Артан Груби од ДУИ се подготвуваат за еден завршен удар за формирање на коалицијата меѓу ДУИ и СДСМ, анализира Васко Ефтов во „Во центар“.
-Дали тоа ќе се случи? Јас тешко верувам. Воопшто не верувам дека е возможно една таква политичка разврска, но тоа не значи дека американската амбасада нема да направи сѐ да биде формирана таа влада меѓу ДУИ и СДСМ. Два датуми се битни за формирање на таа влада. Треба да биде формирана пред свикување на Советот за безбедност од страна на претседателот Ѓорге Иванов, а таа влада треба да биде формирана пред одржувањето на средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, значи пред јуни годинава. Значи пред тие датуми Американците треба да ја формираат владата на ДУИ и СДСМ. Што сакаат да искористат? Сакаат да искористат отсуството на Трамп од регионот, сегашното отсуство на Таип Ердоган и на некој начин да се рехабилитираат по двата или трите последователни порази што ги имаат претрпено на територијата на Македонија во конфронтацијата со структурите на Мосад и на израелската тајна служба во однос на македонските политички разврски – вели Ефтов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)