| четврток, 6 декември 2018 |

Најбогатата Србинка роди син!

sandra

Сандра Мељниченко (39) и нејзиниот сопруг, рускиот милијардер Андреј  Мељниченко (45) по втор пат станаа родители. Славниот пар, кој ја има четиригодишната ќерка Тара, доби момче на кое се уште му немаат избрано име.

Иако Сандра требаше да се породи кон средината на април, неколку дена пред нејзиниот 40 роденден, син и побрза  и на свет дојде на 29 март.

Поранешната моделсица, се породила по природен пат, во Ница во клиниката во која на свет ја донела и ќерката и каде што Анџелина Џоли ги доби близнаците Вивиен и Нокс.

Сопругот на Сандра, еден од најбогатите луѓе на светот, раѓањето на синот го прославил интимно во кругот на најблиските пријатели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top