| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер: Уште сонувам, сега ми треба подолг одмор

federer

Роџер Федерер не го криеше воодушевувањето по најновата титула откако во големото финале во Мајами го совлада Рафаел Надал со 2-0 во сетови. Швајцарецот продолжува со импресивните настапи во 2017 година во која досега освои еден гранслем и два Мастерс турнир, но воедно и најави дека во следниот период нема да го гледаме на терените бидејќи му е неопходен одмор за целосна рекуперација.

– Мојот сон продолжува, секако дека сум пресреќен и благодарен сум им на сите кои ми даваат поддршка. Мило ми е што ова финале го играв против Надал, нашата приказна почна тука и прекрасно беше да се игра уште еден фантастичен дуел со Раф. Тој не треба да биде разочаран, допрва следат турнирите на земја на кои не се сомневам дека ќе освои многу трофеи. Што се однесува до мене, јас сум преморен и ми треба време за одмор. Најверојатно нема да играм на ниту еден турнир на земјена подлога освен на Ролан Гарос, но засега не би можел да кажам ништо дефинитивно на оваа тема – истакна Федерер по освоениот трофеј во Мајами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top